Почетна Вера Денови на света Мајка Тераза
Денови на света Мајка Тераза

Денови на света Мајка Тераза

56
0

Во Скопје на 3 септември 2017 година почнаа вторите Денови на света Мајка Тереза кои ќе траат до 5-ти септември.

Вчера во рамки на Деновите, младите од скопската парохија „Пресвето Срце Исусово“ организираат Акција наЉубов на дело.

– Поттикнати од делата на љубов и милосрдие на света Мајка Тереза, а по иницијатива на младите од нејзината родна парохија во Скопје и во рамки на „Деновите на Света Мајка Тереза“ би сакале да излеземе во пресрет на оние кои имаат потреба од неа и тоа конкретно, посетувајќи ги оние кои се осамени, напуштени и гладни. Да им даруваме дел од своето време, материјална помош секој според своите можности и да го отвориме нашето срце кое е создадено да љуби, посочуваат организаторите.

Ги повикуваат сите да се вклучат во оваа акција, која не познава никакви граници, да направат некое добро дело, дарувајќи се себеси.

Денеска на Плоштадот Македонија во организација на Град Скопје и Католичката црква во Македонија ќе се одржи Културно-духовна програма, во чии рамки ќе се отвори изложба „Светица од Скопје- Светица на светот“, а ќе биде и положено цвеќе на спомен-плочата на родната куќа на Мајка Тереза.

На 5-ти септември по повод празникот на света Мајка Тереза во скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ ќе се одржи процесија и свечена евхаристиска прослава.

Во Музејот на Град Скопје вечерта ќе бидат доделени посланија за хуманост со пригодна музичка програма.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *