Почетна Празници Денеска почнува Рамазан, месецот на пост кај Муслиманите
Денеска почнува Рамазан, месецот на пост кај Муслиманите

Денеска почнува Рамазан, месецот на пост кај Муслиманите

493
0

Верски календар: 06 јуни

ИВЗ/ Почеток на постот, 1 Рамазан

post 1Почетокот на Рамазанскиот пост го означува муслиманскиот пост кој се врши во целиот месец Рамазан, почнувајќи од имсак, па се до акшам, значи од пред зори, па се до зајди сонце. Рамазанот е свет месец за муслиманите. Во месецот Рамазан се имаат случено многу битни работи од раната исламска историја, тоа е месец на постот, месец на трпението и воздржувањето, месец на несебичноста, дарежливоста  и филантропијата, месец на интензивирање на богоугодните дела, месец на преиспитувањето со себе си, месец на милоста, прошката и спасот.

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 13 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 45 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

 

.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *