Почетна Вести Христијанство Денеска камен-темелник на нова црква на МПЦ-ОА во Германија

Денеска камен-темелник на нова црква на МПЦ-ОА во Германија

514
1

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите Тимотеј и Пимен, денеска во Дортмунд ќе го осветат камен-темелникот на новата црква на МПЦ-ОА во Европската Епархија.

Архиепископот Стефан и Владиката Тимотеј, вчера пристигнале во Германија, а нивен домаќин ќе биде надлежниот митрополит на Европската Епархија, Пимен.

Осветувањето на камен-темелникот ќе почне со литургија во 10 часот, а чинот на осветување е закажан за 12 часот.

Ова ќе биде уште една во низата нови цркви на МПЦ во Европската Епархија, откако нејзиното раководење го презеде митрополитот Пимен.

-Да изградиме Црква -духовно светилиште ,кое ќе сведочи за постоењето на еден свет верен Македонски Православен народ, стои во поканата  за денешниот настан од црковната општина во Дортмунд.

Коментар(1)

  1. Za mnogu godini…graditeli ,taka treba i taka e redot…bez dom familija nema…na pamet i uka na i
    mrzlivitte i samobendisante sinodciii!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *