Почетна Вера Денеска голема литија по улиците на Скопје
Денеска голема литија по улиците на Скопје

Денеска голема литија по улиците на Скопје

2.49K
0

Масовна литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.

crkva_sveta_bogorodica_-_skopje_-135Литијата ќе тргне од храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, по вечерната богослужба што ќе започне во 17:00 часот.

Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7:30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот.

Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *