Почетна Празници Денеска е Свети Василиј Амасијски
Денеска е Свети Василиј Амасијски

Денеска е Свети Василиј Амасијски

75
0

Верски календар: 09 Мај

МПЦ-ОА/ Св. свештеномаченик Василиј Амасиски.

vasilije amasijskiВасилиј, епископот на град Амасија, пострада како жртва на повампиреното паганство заради личните страсти на Ликиниј, кој царуваше со поделената Римска империја во почетокот на четвртиот век заедно со светиот цар Константин Велики. Ликиниј, кој лицемерно дури и ја прими христијанската вера, беше оженет за сестрата на Константин. Но, се запали со страст кон некоја прислужничка на дворот, по име Глафира, христијанка, која мораше да избега од главниот град за да се спаси од страста на царот. Отиде во Амасија, а таму ја прибра локалниот епископ Василиј. Во тоа време во Амасија се градеше првата црква и во таа прилика Глафира и напиша писмо на својата заштитничка, царицата Констанца, молејќи ја да ја помогне изградбата. Оваа одговори со писмо, кое падна во рацете на мажот и Ликиниј. Кога Ликиниј дозна за местото каде се беше прибрала Глафира, по логиката на својата паганска природа се разгневи и испрати луѓе да ја доведат во престолнината, заедно со епископот. Во меѓувреме Глафира се упокои, а во Никомидија беше доведен само Василиј. Царот го изведе на суд зашто ја прикривал Глафира и заради својот лажен мотив го осуди свети Василиј на маки, а потоа и на смрт. Тој беше обезглавен и фрлен во морето.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *