Денеска е Свети пророк Илија (Илинден)

Date:

Share post:

Верски календар 02 Август

МПЦ-ОА/ Светиот пророк Илија

Sveti IlijaБоговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство беше разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќаше само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнината во Ерусалим, а Израилевото царство ги вклучуваше останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееја потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Најголем судир пророкот Илија имаше со израилскиот цар Ахав и со неговата изопачена жена Језавела. Зашто тие им се поклонуваа на идолите и го одвраќа народот од служењето на единствениот и жив Бог. Одозгора уште и Језавела, којашто беше Сиријка, го наговори мажот ѝ да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој лажен бог. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеа да го направат; низведе дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножи брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскресна нејзиниот умрен син; му прорече на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела дека кучињата ќе ја изедат, што и се случи; и многу други чуда изврши и настани предвести. На Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји. Пред да се вознесе го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот (Откр. 11).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Претставници на Австралиско-сиднејската епархија на средби со МПЦ-ОА – лобираат за нов владика

Претставниците на Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, се во посета на Македонија на средби со владиците на...

Борба со сенката на историјата – Турција повторно го негира вселенскиот статус на Цариградската патријаршија: меѓу верата, политиката и државниот национализам

Анкара тврди дека титулата „вселенски“ нема правно значење, но европските институции предупредуваат на нарушување на верската автономија Турција повторно...

Свештеник на УПЦ – Московска Патријаршија обвинет за убиство по тепачка во манастирот „Воздвижение на Чесниот Крст“

Прокурорите од Обласното обвинителство во Хмелницки, Украина, поднесоа обвинителен акт против 46-годишен свештеник за нанесување на тешка телесна...

Турција систематски ги прогонува христијаните под изговор на „национална безбедност“

На конференцијата за човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во...