Почетна Празници Денеска е свети Амвросиј
Денеска е свети Амвросиј

Денеска е свети Амвросиј

113
0

Верски календар: 20 Декември

МПЦ-ОА/ Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)

sveti-amvrosijОвој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излејаа мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше: „Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“. По смртта на својот татко царот го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен град беше Медиолан. Кога умре епископот на тој град, падна голема расправија меѓу православните и еретиците аријанци околу изборот на новиот епископ. Според должноста Амвросиј влезе в црква заради одржување на редот. Притоа едно дете возвикна на мајчините гради: „Амвросиј – епископ!“ Сиот народ ова го прими како глас Божји и наспроти волјата на Амвросиј, него го избраа едногласно за епископ. Тој се крсти и за една недела ги помина сите претходечки чинови и беше ракоположен за епископ. Како епископ Амвросиј ја утврди православната вера, ги потисна еретиците, ги украси црквите, ја распростре верата меѓу незнабожците, напиша многу поучни книги и послужи како пример на вистински христијанин и христијански пастир. Тој ја состави и благодарствената песна: „Тебе Бога Те фалам“. Овој славен јерарх, кого заради неговата мудрост и слаткоречивост го посетуваа и луѓе од далечни земји, беше мошне воздржлив, трудољубив и бодар. Спиеше малку, работеше и Му се молеше на Бога непрестајно, постеше во сите денови освен во сабота и недела. Затоа Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот да чудотвори. Ги откри моштите на Светите Протасиј, Гервасиј, Назариј и Келсиј (под 14 октомври). Кроток кон малите луѓе, пред големите беше неустрашлив. Ја изобличи царицата Јустина како еретичка, тиранининот и убиецот Максим го проколна, на царот Теодосиј му забрани пристап во храмот с ѐ додека не си го покаја гревот, со насилниот и самонаречен цар Евгениј не сакаше ни да се сретне. Овој богоугоден маж Бог го дарува со толку благодат, што и мртви воскреснуваше, демони од луѓето изгонуваше, болни од секаква болест исцелуваше и проѕираше во иднината. Се упокои мирно во мугрите на Воскресение во 397 година.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *