Верски календар: 5 Февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Агата.
Живеела во првата половина на третиот век. Мачеништвото го претрпела за време на владеењето на царот Дечиј во 251 година. Според легендарните податоци потекнувала од богато семејство. Како девојка се заколнала во заветот на невиноста. Кога бил извршен указот на Дечиј против христијаните, некој Квинтијан, знаејќи дека Агата е христијанка, наредил да ја однесат кај некоја жена. Потоа била измачувана, но таа му останала верна на Христос и за верата загинала.

