Верски календар: 5 мај
КАТОЛИЧКА ЦРКВА: Вознесение Хртистово – Спасовден
Денеска се слави Вознесението Христово, или Спасовден. Тоа е „Второ Воскресение“, благоден кој се слави 40 дена по Велигден. Според Светото Писмо, ИСУС 40 дена по Воскресението дошол на земјата и им се покажал на Апостолите. На 40-тиот ден им се јавил на своите уленици во Ерусалим. Им рекол да останат во градот и да го чекаат доаѓањето на Светиот Дух. Потоа ги повел во Маслиновата гора и ги благословил. Оттука заминал на небото.

