Почетна Вести Денеска е роденден на Архиепископот Стефан
Денеска е роденден на Архиепископот Стефан

Денеска е роденден на Архиепископот Стефан

1.10K
0

Архиепископот Охридски и Македонски, Стефан денеска полни 62 години. Тој е најмладиот Архиепископ на МПЦ. Избран е на таа позиција на 44 години. Повозрасни од него во Синодот на МПЦ се владиците, Горазд, кој е пензиониран, Петар, Тимотеј и Агатангел.

Г.г. Стефан е роден на 1 мај 1955 година во село Добрушево во Битолско. Неговото родено име е Стојан Велјановски. Роден е во монгудетно семејство како шеста рожба на неговите родители Тале и Стојанка.

По завршувањето на основното училиште, есента 1969 година се запишал во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, која со успех ја завршил во 1974 година.

Теологија дипломирал на Белградскиот православен факултет, во во 1979 година. Светиот архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го поставил за професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, а веќе идната година бил испратен на последипломски студии на Екуменско-патролошкиот институт „Свети Николај“ во Бари – Италија, на кој магистрирал во 1982 година.

По враќањето од Италија бил предавач на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Свето Писмо на Стариот Завет и Патрологија.

Замонашен е на 03 јули 1986 година во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ во Охрид, а хиротонисан  за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје како митрополит Злетовско-струмички, а кратко потоа именуван за Митрополит на Брегалничката Епархија.

На  Црковно-народниот Собор, одржан на 9.10.1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска Архиепископија „Света Софија“ во Охрид, бил избран, а следниот ден востоличен како петти Поглавар на Македонската Православна Црква. Истовремено е и надлежен архиереј на Скопската православна епархија.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *