Денеска е преподобен Теодор

Date:

Share post:

Верски календар: 5 мај

МПЦ-ОА/ Денеска е Преподобен Теодор Сикеот.

sv_teodor_sikeotОвој Теодор ја одбележи монашката историја на своето време. За него со право е речено дека неговиот подвиг го надминуваше подвигот на сите живи аскети од неговото време. Живееше во шестиот и седмиот век. Го нарекоа Сикеот зашто потекнуваше селото Сикеа, во малоазиска Галатија. Во неговиот дом живееше еден старец, Стефан, од кого Теодор се научи уште како десетгодишно момче на строг пост и ноќно бдеење. Потоа, природно, подвигот го продолжи во манастир, а подоцна беше избран за епископ на градот Анастасиопол. По 11 години тој повторно се повлече во манастир, каде и го заврши земниот живот. Во текот на животот беше познат како молитвеник и исцелител.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img