Верски календар: 02 април
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Фрањо Паолски.
Роден е во 1416 година во Паоло, во Калабрија. Во 1430 година го напуштил своето семејство бидејќи сакал во самотија да го слави Господ. Размислувал за Божјата добрина, убавина и милосрдие. Не можел да живее сам бидејќи гласот за неговата светост брзо се проширил меѓу луѓето. Тој заедно со 11 луѓе кои му се придружиле, изградиле црква за богослужба. Набрзо се зголемил бројот на луѓето кои сакале да живеат пустински живот. Свети Фрањо Паолски умрел во Франција, во 1507 година.

