Манастирот Свети Наум Охридски беше центар на одбележувањето на денот на Преподобниот Нектариј Битолски, а воедно беше одбележан и именденот на игуменот на манастирот Архимандритот Нектариј.
Вчера вечерта на 17.12.2017 година, во манастирот во капелата посветена на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот.
Празнувањето продолжи во понеделникот на 18.12.2017 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј и свештеници од Дебарско-кичевската епрахија.
ГАЛЕРИЈА: