Почетна Празници Денеска е Еврејски Песах
Денеска е Еврејски Песах

Денеска е Еврејски Песах

331
0

Верски календар: 22 Април

ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА/ ПЕСАХ

Pesah evrejskiПесах почнува 14. ден од месецот нисан по еврејскиот календар, односно во март или во април. Песах е еден од трите празници за поклонение – старите Евреи на Песах оделе на поклонение во храмот во Ерусалим и принесувале жртви. Песах уште се нарекува и празник на пролетта (хаг авив на хебрејски) затоа што секогаш се паѓа напролет и празник на бесквасниот леб (хаг амацот на хебрејски) затоа што се јаде само бесквасен леб. Со Песах се прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство.

Седер е посебен верски обред што се прави во еврејските куќи на првите две вечери од празникот. Зборот седер на хебрејски значи ред, и го означува строгиот ред по којшто се одвиваат празничната вечера, молитвите, читањето на Агадата и сите други обичаи.

За време на вечерата се чита Агада шел Песах и се пијат четири чаши вино. На една голема чинија (кеара) се подготвени посебни јадења кои симболично потсетуваат на робувањето на Евреите и на нивното ослободување: маца (бесквасен леб), крило од кокошка и јајце, марор (горчливи тревки коишто го симболизираат горчливиот живот на Евреите под ропство), харосет (мешавина од ореви, овошје, зачини и вино), карпас (целер и магдонос) и хазерет (рен како зачин на месото или на рибата и оцет во којшто се потопуваат тревките).

Агадата ги опишува настаните поврзани со празникот, се опишува историјата на доаѓањето на израелските племиња во Египет и нивното ослободување од египетското ропство, ја објаснува потребата од пасхалната жртва во времето на Вториот храм и употребата на маца и на горчливите тревки. Агадата содржи извадоци од Тората, мидраш, стари легенди и приказни, дискусии и молитви.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *