Почетна Вера Ден на болните одбележан во Католичката црква во Скопје
Ден на болните одбележан во Католичката црква во Скопје

Ден на болните одбележан во Католичката црква во Скопје

101
0

На 11 февруари 2016 на празникот Богородица Лудрска во парохијата Пресвето Срце Исусово во Скопје беше одбележан Светскиот ден на болните, пиѓува интернет порталот, „Католици.мк“.

Настанот почнал во утринските часови со собир во Пасторалниот центар на старите и болните лица. На почетокот на средбата присутните ги поздравиле скопскиот парох дон Давор Топиќ.

Потоа присутните пееле песна во чест на Богородица Лурдска „Во пештерата Марија се јави…“ а пригодно предавање кое било инспирирано од овогодишната катехеза на папата Фрањо за Светскиот ден на болните, одржала Марија Микулец.

Била служена света Литургија која ја предводел монс. д-р Киро Стојанов, кој во својата проповед упатил зборови полни со вера и охрабрување низ поврзаноста во животот со Мајка Марија.

За време на светата Миса бискупот Стојанов ја поделил и светата тајна елеопомазание, а средбата продолжила во салата при пасторалниот центар со заедничко агапе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *