Демант од ПОА

Демант од ПОА

885
0

ПОА, дермантира дека нивниот поглавар Јован Вранишковски во изјава за медиумите во Скопје, рекол дека СПЦ има јуриздикција врз Македонија, а Руската цеква нема јуриздикција врз Украина, како што објави „религија.мк“, пренесувајќи ја изјавата на Вранишковски од порталот „Фактор.мк“.

Освен навредливите конструкции кон „религија.мк“ во демантот на ПОА пишува:

-На текстот што го презел од „Фактор.мк“: „Се јави Вранишковски, објасни зошто МПЦ не може да бара автокефалност од Софија и Цариград“ (https://faktor.mk/se-javi-vranishkovski-objasni-zoshto-mpc-ne-moze-da-bara-avtokefalnost-od-sofija-i-carigrad ) (23.02.2019) му дал наслов: „Вранишковски: Македонија е јурисдикција на СПЦ, Украина не е на Руската црква“ (http://religija.mk/vranishkovski-makedonija-e-jurizdikcija-na-spc-ukraina-ne-e-na-ruskata-crkva/ ) (23.02.2019). „Фактор.мк“, пак, споменатиот текст го презел од изјавата на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, која ја дал за печатеното издание на „Слободен печат“ (23.02.2019) и таа изјава која е автентична не може да се најде во ниту едно електронско издание освен на „Фактор.мк“. Марјан Николовски ја презел таа изјава од „Фактор.мк“, но ѝ дал тенденциозен наслов, што воопшто не произлегува од контекстот. Никаде и никогаш Архиепископот Јован не рекол дека Украинската Црква не е под јурисдикција на Руската Православна Црква. Ако се прегледа автентичната изјава дадена за „Слободен печат“, а која со овој напис не ја демантираме, ако се погледа како е таа нецелосно пренесена од „Фактор.мк“, а која исто така не ја демантираме, дури ако се погледне текстот што Николовски го поставил на „Религија.мк“, јасно ќе биде дека насловот што му го дал е типична лажна вест, тенденциозно смислена во главата на споменатиот самопрогласен верски аналитичар, стои во демантот на ПОА на Вранишковски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *