Делегација од Министерството за надворешни работи на Унгарија, предводена од државниот секретар за помош на прогонетите христијани, Тристaн Азбеј, остварила средба со Јован X, Патријарх на Антиохиската православна црква.
Разговорите се одржале во патријаршиско седиште и биле посветени на актуелната состојба на Црквата во регионот, со посебен фокус на сирискиот случај. Патријархот Јован X ја истакнал значајната улога на Црквата во обновата на заедниците и го нагласи придонесот на сите чинители во заедницата при обликувањето на иднината на Сирија.
Унгарската делегација го потврдила континуитетот во соработката со Антиохиската Црква во хуманитарни и духовни проекти, изразувајќи благодарност за поддршката што таа ја дава на христијанското присуство во регионот.
Средбата ја потенцирала меѓународната димензија на црковно-државните односи во регионот на Блискиот Исток, особено во услови на сложена политичка и социјална состојба.

