Почетна Вести Христијанство Делегација на Вселенската Патријаршија доаѓа во Белград. Ќе се разговара за МПЦ-ОА?
Делегација на Вселенската Патријаршија доаѓа во Белград. Ќе се разговара за МПЦ-ОА?

Делегација на Вселенската Патријаршија доаѓа во Белград. Ќе се разговара за МПЦ-ОА?

354
0

Официјална делегација на Вселенската Патријаршија следните недели ќе го посети Црковен Белград. Црковната делегација на Цариград ќе ја предводи Пергамскиот митрополит Јован.

Веста за посетата на Српската православна црква ја потврдил и портпаролот на СПЦ, Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, но тврди дека нема информации зошто делегација на Вселенската патријаршија сака да дојде во Белград. Во изјава за српските медиуми сепак посочува дека можеби во прашање е разговори за црковното прашање во Украина и во Македонија.

-Која е причината за таа посета јас не знам, затоа што никој не ни кажал. Вашата претпоставка, дека ќе се разгледуваат проблемите на Црквата во Украина и во Северна Македонија не е нелогична, но не е потврдена. Јас лично не можам да ви кажам ништо, затоа што не сум пророк. Времето ќе покаже и јавноста ќе биде известена, изјавил Иринеј за српските медиуми.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *