Почетна Вести Делегација на Тетовското муфтиство во посета на Факултетот за исламски науки во Сараево
Делегација на Тетовското муфтиство во посета на Факултетот за исламски науки во Сараево

Делегација на Тетовското муфтиство во посета на Факултетот за исламски науки во Сараево

52
0

На факултетот за исламски науки во Босна и Херцеговина до 1992 година, пред почетокот на војната голем број ученици од Медресата во Скопје и во Приштина своето теолошко образование го стекнувале на тогашниот исламски теолошки факултет, а денес Факултет за исламски науки.

posjeta-ivz-tetovaВојните дејствува во БиХ ја прекинаа наставата на овој факултет.

Со цел на обнова на односите, Тетовското муфтиство на ИВЗ организирало посета на Факултетот во Сараево. На 5 12 оваа година, делегација на Муфтиството од Тетово на средбата со домаќините разговарале за денешните активности на факултетот.

Домаќинот, деканот Мустафа Хасани ги запознал со развојот на студиите на овој факултет.

Голем број од некогашните студенти на овој факултет денес се носители на значајни позиции во ИВЗ и професори на образовните институции во Македонија. Поврзаност со факултетот во Сараево има и актуелниот тетовски муфтија, Ќани Несими, како и секретарот на тетовското муфтиство, Намик Џафери.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *