Почетна Вести Деканот на Богословскиот факултет на МПЦ ќе ја промовира книгата на рускиот епископ
Деканот на Богословскиот факултет на МПЦ ќе ја промовира книгата на рускиот епископ

Деканот на Богословскиот факултет на МПЦ ќе ја промовира книгата на рускиот епископ

459
0

Деканот на Богословскиот факултет, професорот Ѓоко Ѓоргевски ќе биде промотор на книгата „Несвети, а свети“ на рускиот епископ, Тихон, Викар на Патријархот Кирил, кој утре ќе допатува во дводневна посета на Македонија.

Goko GorgevskiПромоцијата на неговата книга, која е едно од најпопуларните дела во Русија ќе биде на 4 октомври 2016 година со почеток од 12.00 часот во НУБ „Свети Климент Охридски“-Скопје.

На промоцијата ќе зборува и авторот, влијателниот епископ Тихон, кој во Русија важи за духовник на Претседателот Владимир Путин.

Епископ Тихон (Шевкунов) е истакнат претставник на Руската православна црква, претседател е на Советот за култура при Патријархот, широко познат теолог, писател и филмски режисер.

Во Република Македонија доаѓа на лична покана од Претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *