Почетна Вера МПЦ-ОА Дејан Петрушев го фати крстот во Вардар во Велес
Дејан Петрушев го фати крстот во Вардар во Велес

Дејан Петрушев го фати крстот во Вардар во Велес

77
0

Од Мало мовче во Велес светиот крст од осветените води на Вардар денеска напладне на Водици по традиција го спушти владиката повардарски Агатангел, а меѓу 58-мина, меѓу кои и една девојка, најсреќен кој го фати беше 26-годишниот Дејан Петрушев од Велес.

Во Повардарската епархија пред бројни присутни тој изјави дека е пресреќен што го фатил крстот и на сите православни верници им посака многу здравје, среќа, љубов и бериќет.

Вработен е во фабриката „Ван хол“ во Скопје, седум-осум пати се фрлал по крстот и годинава првпат имал среќа и да го фати.  Рече дека ја продолжува традицијата на семејството и на татко му кој, исто така, учествувал на фаќања на крстот на Водици.

На подарок од Агатангел доби златно крвче и Библија, како и подароци од кумот и од голем број спонзори на настанот. По традиција, во наредните денови со своите другари од тајфата со кои заедно се фрлија во Вардар, ќе ги посетат домовите на православните христијани во градот.

Епархијата Повардарска утрово го почна празнувањето на Богојавление Водици со света архијерејска литургија во црквата „Св. Спас“, со која чиноначалствуваше владиката Агатангел, по што литија се упати од црквата до Мало мовче, каде што беа осветени водите на Вардар и положен светиот крст.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *