Дејан Чиплаковски вторпат најсреќен за Водици во Берово

Date:

Share post:

Дејан Чиплаковски е најсреќниот меѓу дваесетмината учесници, кои во водите на реката Брегалница во Берово, прв стигна до светиот крст во рамки на денешното чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски на Чиплаковски му посака многу среќа и успех во Новата година.

-Честитки и многу успех посакувам и на сите кои се фрлија по светиот крст, во водите на Брегалница, во Берово, а на сите беровци им  го честитам денешниот празник Богојавление – Водици, еден од најголемите христијански празници, кога Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан, рече Пекевски.

Од Буџетот на Општина Берово за Чиплаковски е обезбеден вредносен ваучер од 10 илјади денари, а вредносен ваучер од 12.000 денари Чиплаковски доби и од компанијата „Зегин“.

За Дејан Чиплаковски ова е втор пат како го фаќа светиот крст за Водици во Берово. Чинот на осветување на водите го извршиај свештениците од црквата во Берово.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img