Почетна Вера МПЦ-ОА Децата од Охрид преку Бадникова поворка го најавија Христовото раѓање
Децата од Охрид преку Бадникова поворка го најавија Христовото раѓање

Децата од Охрид преку Бадникова поворка го најавија Христовото раѓање

31
0

Околу 700 деца од Охрид, Дебрца и околните населени места со пригодни песни и дефиле низ улиците на градот денеска го најавија Христовото раѓање. Ова е седма по ред традиционална Бадникова поворка, која годинава се одржа под мотото „Бадник за сите, радост за сите“ што предвидува и други содржини од духовен и верски карактер.

Децата учесници во поворката на Градскиот плоштад „Климент Охридски“ пред поставената божиќна пештера ги пречека градоначалникот Константин Георгиески, кој ги даруваше со божиќни пакетчиња.

-Возвишено е чуството да се биде дел од оваа културно-верска манифестација. Традицијата и обичаите се клетката на битието на секој народ и ваквите настани се во духот на Христијанството и вербата во Бога, рече Георгиески честитајќи им го празникот Божик, посакувајќи им да го минат во кругот на најблиските, а здравје, среќа и радости да ги следат низ целата година.

Претставници на Здружението „Бадникови поворки“ што е коорганизатор на манифестацијата, заедно со уште неколку деца денеска беа во коледарска посета и на претседателот Стево Пендаровски во вилата „Билјана“ во Охрид. Претседателот на државата им ги отвори вратите на коледарите и ги даруваше со божикни пакетчиња.

Оваа година по втор пат Бадникова поворка се одржа и во селото Велгошти, а Бадникови поворки на радоста со која се најавува раѓањето на Исус Христос и големиот православен празник Божик се одржаа во уште 39 населени места и градови во земјава.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *