Почетна Верски буквар Децата од летниот камп по веронаука, му запеаја на Отец Партениј

Децата од летниот камп по веронаука, му запеаја на Отец Партениј

555
0

-Миговите поминати со децата, нивните насмевки и прегратките со кои нè опсипуваат се верни сведоци на едно благодатно поминато време – време што како најдраг гостин нè посетува и ни носи дарови на радост, не само сега, туку и тогаш кога за него ќе си спомнеме во иднината. Зашто спомените не се само неми сведоци на нешто што поминало, туку се и громогласни проповедници за она што се вкусило и доживеало – за вкусената духовна веселба во рајските градини, за доживеаната божествена љубов во прегратките на Црквата, вака монасите и монахињите од Бигорската Обител ги опишуваат деновите поминати со летниот камп по Веронаука, кој минатата недела го заврши и петтата група дечиња.

Четириесетина деца од Охрид, кои беа дел од оваа група на Кампот по веронаука имаа можност да го почувствуваат живото на монасите, активно вклучувајќи се во секојдневните обврски на монасите и монахињите.

-Особено силна беше радоста во мигот на заедничката средба со нашиот Старец, Архимандрит Партениј, пред кого децата ја изведоа точката што беа ја подготвиле со благочестивата г-ѓа Снежана Петреска. Благословот, пак, на Св. Јован Крстител и на Св. Вмч Георгиј Победоносец, нека се излее и врз пожртвуваните придружници на децата – Валентина Спасевска, Горица Гаџос и Даниел Колевски, велат од Бигорската Обител.

ВИДЕО:

ГАЛЕРИЈА:

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *