Почетна Вести Христијанство Деца од Охрид го посетија Бигорскиот манастир
Деца од Охрид го посетија Бигорскиот манастир

Деца од Охрид го посетија Бигорскиот манастир

189
0

Свештената Бигорска Обител беше домаќин на група дечиња од Охрид, кои придружувани од нивните родители и раководители, го посетија овој манастир посветен на големиот и славен Пророк и Претеча Господов, светиот Јован Крстител, информираа од Бигорскиот манастир.

Дечињата се дел од Ансамблот „Бисери“ при Дом на култура „Григор Прличев“ од Охрид, кои допатуваа во ова древно светилиште со цел пред игуменот и Архимандрит Партениј, да ја отпеат првата детска велигденска песна, чиј комплетен автор е Татијана Тренеска од Охрид, уметнички раководител на Ансамблот.

– Татијана, уште пред неколку месеци побара благослов од нашиот Старец за да создаде вакво дело, а тој со голема радост ѝ ја изрази искрената поддршка, поткрепувајќи ја со своите топли молитви. Токму поради тоа, оваа велигденска песна што толку весело прозвучи во манастирскиот синадикон на Бигорскиот манастир, потсетувајќи не сите на атмосферата за самиот празник над празниците, Воскресението Христово, за првпат беше изведена пред него. Силно воочлива беше неговата огромна радост, а срдечната љубов кон овие млади и ревносни деца ја изрази штедро благословувајќи ги и канејќи ги да бидат дел од Велигденската прослава во Бигорскиот манастир, посочуваат од Бигорскиот манастир.

Меѓу другото, Архмандрит Партениј, им подари и сликовници „Историјата на мојата црква“, и „Благовештение на Пресвета Богородица“ што е всушност, најновата публикација за деца од едицијата „Празниците на Православието“, во издание на Бигорскиот манастир.

Дечињата потоа го посетија и манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица. Заедно со сестринството, покрај радоста и песната, споделија и вкусен оброк.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *