Почетна На иста страна Дебарските верски старешини по патот на соживотот
Дебарските верски старешини по патот на соживотот

Дебарските верски старешини по патот на соживотот

164
0

Старешините на двете верски заедници, уште еднаш упатија јасна потврда како може заедно да се живее со векови и посакаа дебарскиот пример да го практикува целиот свет.

debar s– Со таа цел сме дојдени да ја продолжиме таа традиција во Дебар, која е со години, живее, трае и да трае што подолго. Тоа е доказ за нашиот соживот, нашата меѓуверска и меѓуетничка толеранција во Дебар и дебарско.Четиринаесет години сум старешина во Дебар и во таа функција ова ми е последно заедничко одбележување, бидејќи заминувам во пензија,но никогаш нема да се откажам од дебар и дебарчани, од кои во изминатите години носам само убави спомени, изјави Благоја Спировски, намесник на дебарската парохија, честитајќи го празникот на дебарскиот муфтија и на сите верници.

Заблагодарувајќи се на честитката, муфтијата Рамазан Хаса, го сподели идентичниот став со Спироски, дека Дебар и поширокиот регион бил, е и останува симбол на соживотот и верската толеранција.

– За сите нас голема чест е меѓисебното почитување и тоа го негуваме како најголема светот. За разлика од некои други простори,каде постои омраза, нетпеливост, кај нас тие чувства се туѓи. Ние секогаш сме живееле во хармонија, во разни ситуации низ историјата сме биле еден со друг, сме го делеле и доброто и злото. Затоа оа нека е уште една во многуте пораки нека учат од нас како може да се живее заедно, рече муфтијата Хаса.

Посакувајќи му на Спироски долг пензионерски живот, Хаса додаде дека во Дебар тој секогаш ќе биде добредојден, како што добредојде Дебар има за секого.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *