Почетна На иста страна Дебарскиот муфтија на Велигден кај локалниот свештеник
Дебарскиот муфтија на Велигден кај локалниот свештеник

Дебарскиот муфтија на Велигден кај локалниот свештеник

298
0

debar 1По повод Христовото воскресение-Велигден во седиштето на дебарската парохија, кое се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“, гостин на намесникот Благоја Спироски беше дебарскиот муфтија Рамазан Хаса.

На традицоналната велигденска средба беше и градоначалникот  Ружди Љата.

– Од мое и име на верниците од исламска вероисповест, до намесникот Спироски и до сите православни верници, упатувам најискрени честитки по повод Христовото воскресени-Велигден,најголемиот христијански празник. Посакувам деновите да ги минат во пријатна атмосфера,да продолжиме да живееме во  мир, рабирање, соживот и  благосотојба.  Соживот по што е препознатлив поширокиот дебарски регион посакуваме да биде пример за целиот свет, порача муфтијата Хаса.

Градоначалникот Љата нагласи дека Дебар е препознатлив по вековниот верски соживот и толеранција.

– Така живееле нашите дедовци и прдедовци,така живеме ние така ќе живеат и нашите потомци. И како локална власт не правиме никаква разлика и соработуваме и ги почитуваме сите верски и етники заедници и секогаш се трудиме во рамки на можностите да помогнеме каде е тоа потребно во Дебарската парохија, рече градоначалникот Љата.

Заблагодарувајќи се, намесникот Спироски ја упати речиси идентичната порака, да се живее заедно, да се почитува и разбира.

– Тринаесет години сум тука во Дебар,како намесник на Дебарската парохија, а годинава заминувам во пензија, што значи дека ова е моја последна велигденска средба како старешина. Она што е моја најголема желба е  традицоналаниот соживот, меѓусебното почитување и разбирање меѓу верниците како  и средбите на верските старешини да продолжи и понатаму. Исто така посакувам вакви средби да имаат и верските старешини во другите градови во нашата земја, регионот и пошироко во светот. Само со меѓусебно почитување, доверба, разбирање, помагање можеме да опстанеме, рече Спироски заблагодаруваќи му се на честитките на муфтијата Хаса.

Тој посебно се за благодари на Љата за досегашната соработка,како и најавената помош на општината за уредување на православните градски гробишта

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *