Почетна Вести Свет Дебакал на средбата во Јордан – СПЦ остана верна на РПЦ
Дебакал на средбата во Јордан – СПЦ остана верна на РПЦ

Дебакал на средбата во Јордан – СПЦ остана верна на РПЦ

1.75K
0

Само тројца поглавари на православните цркви допатуваа на средбата во Аман, Јордан што ја свика Ерусалимскиот патријарх Теофил. Покрај домаќинот Теофил во Јордан се само уште Рускиот патријарх Кирил и Српскиот патријарх Иринеј и архиепископот на црквата за Чешка и Словачка, Ростислав. На ниво на црковни делегации се присутни уште две цркви. Ромаската Патријаршија и Полската црква. Сите други православни цркви го откажаа учеството на оваа средба.

Она што е интересно да се потенцира е што оваа средба ќе биде затворена за медиумите, а единствената официјална информација ќе биде соопштение издадено по нејзиното одржување.

Средбата во главниот град на Јордан беше замислена како “братски собор“ на поглаварите на помесните православни цркви, со цел да се бара решение за одлуката на Вселенската Патријаршија да издаде Томос за автокефалност на Православната црква во Украина. Идејата потекна од Москва кон крајот на минатата година.

Српската православна црква покрај поглаварот Иринеј ја претставуваат уште тројца владици, Бачкиот епископ Иринеј Булови, Црногорскиот митрополит Амфилохије и  Крушевачкиот епископ Давид. Интересно е што во делегацијата на СПЦ, во која има и уште неколку теолози, нема  ниту еден претставник на Јовановата ПОА.

Во делегацијата на Руската црква пак, освен Патријархот Кирил се и Иларион Алфеев, шефот на руската црковна дипломатија и уште двајца претставници на РПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *