Почетна Политичка теологија Давутоглу смирува: Турција останува секуларна
Давутоглу смирува: Турција останува секуларна

Давутоглу смирува: Турција останува секуларна

49
0

Принципот на секуларизам ќе постои во новиот устав на Турција, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу, откако претседателот на Парламентот предизвика незадоволство во јавноста со повик за верски устав.

Давутоглу ја даде оваа изјава во обраќање пред својата Партија на правдата и развој во Парламентот.

-Карактерот на Турција како секуларна и демократска држава, не се предмет за кој може да се дебатира, рече Давутоглу.

davutogluНеговата изјава доаѓа по вчерашната најава на Спикерот на турскиот Парламент и висок функционер на владејачката партија на Правдата и развојот  Исмаил Кахраман кој побара новиот Устав да има исламски карактер.

-Турција е муслиманска земја и затоа треба да има верски устав, рекол Кахриман во една дебата за идниот турски Устав.

Тој предлог е спротивен на принципите, врз кои е формирана модерната турска република. Кахраман подоцна изјави дека неговата изјава била негово лично мислење и оти новиот устав треба да ги гарантира верските слободи.

Турција е членка на НАТО од 1952 година и претендира да биде дел од Европската Унија. Секуларизмот на Турција е фундамент на модерната турска држава по Кемал Ататурк.

Од доаѓањето на власт, партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е под притисок на тврдењето на нејзините критичари дека сака исламизација на турското општество.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *