Почетна Вера МПЦ-ОА Дарко од Кавадарци го фати крстот и со неговиот гест одржа лекција по хуманост
Дарко од Кавадарци го фати крстот и со неговиот гест одржа лекција по хуманост

Дарко од Кавадарци го фати крстот и со неговиот гест одржа лекција по хуманост

795
0

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот за Водици во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, за утре организираат хумана акција.

-Утре од 9:15 часот светиот крст ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци и сите верници ќе можат да го бакнуваат и даруваат. Сите пари ќе бидат донирани за помош на малата Драгана Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија, нагласија од навивачката група.

Рекоа дека во деновите за празнување на делата Господови кога сите си ги посакуваме најубавите желби и се молиме за нашите најблиски и најсакани, повикуваат сите да ја покажат својата хуманост.

-Да помогнеме едно мало девојче да ги види со своите очи луѓето кои бескрајно ја сакаат. Бог се јави. Навистина се јави, додадоа од навивачката група.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *