Данската влада во дијалог со европските цркви пред стартот на претседавањето со ЕУ

Date:

Share post:

Делегации од Конференцијата на европски цркви (CEC) и Комисијата на бискупските конференции на Европската унија (COMECE) одржале работни средби со данската влада, во пресрет на данското претседавање со Советот на ЕУ. Состанокот се одржал во Копенхаген, информира Orthodox Times.

Црковните претставници разговарале со министерот за црковни прашања Мортен Далин за приоритетите што религиските заедници ги очекуваат од европските институции во наредниот период. Нивните ставови се однесувале на политиките за миграција и азил, на продолжувањето на европското проширување и зајакнувањетона демократијата и социјалната кохезија во ЕУ.

Посебно внимание било посветено на војната во Украина. CEC и COMECE ја изразиле својата поддршка за украинскиот народ и побарале ЕУ да продолжи да работи на стратегии за мир, базирани врз меѓународното право и заштитата на човековите права.

На средбата биле отворени и прашања поврзани со слободата на вероисповед. Претставниците на црквите предложиле воспоставување специјален пратеник на ЕУ за слобода на верата надвор од Унијата, како и координатор за следење случаи на антихристијанска омраза.

По разговорите со министерот Далин, делегацијата била примена и во Министерството за надворешни работи на Данска, каде се разговарало за можните форми на соработка во хуманитарни и мировни иницијативи.

Средбите се дел од редовниот дијалог меѓу институциите на Европската унија и верските заедници, кој се спроведува согласно член 17 од Договорот за функционирање на Европската унија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img