Почетна На иста страна Дали верските заедници и секуларизмот се на иста страна?
Дали верските заедници и секуларизмот се на иста страна?

Дали верските заедници и секуларизмот се на иста страна?

125
0

Секуларизам заснован на здрави основи и коректни принципи на релација држава и верски заедници е најдоброто решение за македонското општество, заклучуваат претставниците на Македонската православна црква-ОА и на Исламската верска заедница, отец Бобан Митевски и професорот Хасан Џило од Факултетот за Исламски науки во емисијата од серијалот „На иста страна“, која секоја сабота во 11 часот се прикажува на Сител ТВ.

nis 1Своите погледи на темата „Како до вистински секуларизам во општество со влијателни верски заедници“ ги пренесуваат и Валентина Божиновска, директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, Татјана Стојановска-Иванова, професор на Филозофскиот факултет и новинарот Столе Наумов.

Во емисијата зборуваат и Векослав Стефановски и Дарко Ристовски, кои се дел од оние 2,4 отсто од атеистите во земјава кои како такви јавно се декларираат.

Отец Бобан Митевски смета дека секуларизмот е потреба да се уреди општествениот контекст, односно односот меѓу државата и сите институции во државата, општествениот живот воопшто и да се направи дистинкција од религиозниот живот.

– Тоа треба да се направи на еден верски или институционален начин и да се направи таа разделба за да се најде златна средина меѓу системите што порано постоеле, или системот на теократија, каде религијата го имала главниот збор или системот на антитеизмот, каде религијата била целосно истисната. Постои паралелно уште еден систем, односно систем на државна религија во една држава, која не мора да биде ради мнозинството на население, туку ради историските потреби, вели отец Митевски.

Професорот Џило, пак, вели дека треба да се задржи идентитетот на својата култура, традиција и цивилизација.

– Македонија е едно подрачје каде би требало секуларизмот да биде еден висок степен на развој, затоа што има најголем плурализам на Балканот и тој секуларизам треба да координира со религиските традиции. Да не се преферира една во однос на друга, но секоја да има право да го развива својот континуитет нив времето, додава Џило.

Директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религизони групи смета дека во Македонија има јак, силен и либерален закон, за кој Венецијанската комисија рекла дека на Балканот и во Еврепа тој може да биде пример што значи закон на секуларноста. Иако на почетокот постоел проблем да се имплементира, сепак последниве три години тој закон функционира во целост.

– Заедничкиот обрзец на заедничките обреди е иднина која треба да се промовира. Покрај секуларноста, треба да го промовираме и обединувачкиот фактор. Прашањето е колку ние стриктно да се држиме до секуларизмот. Дали одредени прашања на социјалнта правда или за националните прашања не треба да ги тангира и црквите и верските заедници, потенцира Божиновска.

Професорката Татјана Стојановска-Иванова вели дека честопати се крши секуларизмот од институциите на државата, особено во сферата на образованието и политичкото дејание.

– Имаме мешање на  политичкиот дискурс и религискиот. Ако се соблече таа одора што ја носат верските лидери, тогаш е веќе друго и можат да говорат и за други теми. Ако имате значајна функција во рамките на вашата верска заедница тогаш вие треба да делувате исклучиво религиски, додава Стојановска-Иванова.

Новинарот Столе Наумов нагласува дека црквата и верските заедници треба да се залагаат за правда и правдољубие.

– За да не се претвори во институција за погреби, венчавки и свадби, црквата мора мкногу посилно д абиде поактивна во општествените текови. Што има политичко ако еден верски лидер се бори да не се краде, се бори против корупцијата, да не се лаже, да се бори за мир, за правда, прашува Наумов.

Векослав Стефановски и Дарко Ристовски се еден од оној мал процент на атеисти кои немаат проблем јавно да зборуваат за тоа.

За нив, атеизмот е личен избор, како што за верниците е религиското верување.

Нивните ставови погледнете ги во видеото:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *