Почетна Коментар Дали треба да се урне црквата на Трескавец за да некој преземе нешто?
Дали треба да се урне црквата на Трескавец за да некој преземе нешто?

Дали треба да се урне црквата на Трескавец за да некој преземе нешто?

922
2

Брука невидена. Накратко вака може да се опише ситуацијата која сега, но и со години наназад се случува во едно од нашите најголеми светилишта манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец кај Прилеп.

Деновиве започна обновата на опожарените конаци и тоа е одлично. Но мислам дека како нешто цело време да се заборава, а тоа е дека тие конаци постојат таму поради црквата, а не црквата поради конаците.

Токму таа црква, каде дел од неа потекнува дури од 13 век, се наоѓа во катастрофална состојба. Прозорците се искршени, кога врне снег или дожд внатре во црквата влегува вода. На дел од ѕидовите веќе се гледаат пукнатини широки и по неколку сантиметри и постои реална опасност од уривање на тие ѕидови.

Фрескоживописот, кој исто така потекнува од 13 или 14 век е во крајно очајна состојба. Поголем дел од фреските се комплетно уништени, а она што е останато секоја година се распаѓа и се собира во вреќи. Еј која лудост ! Пред нос ни се распаѓа фрескоживопис стар повеќе од 600 години, а ние го собираме во вреќи. Мизерија !

Навистина немаше да го пишувам толку револтирано овој текст доколку оваа ситуација не се случува веќе со години и сите се прават слепи. Со години наназад цело време само се даваат изјави дека се прават проекти за заштита на црквата, ама никој ништо не реализира.

Наводно нашите стручњаци-бирократи не можеле да се одлучат во која година т.е. во кој век да го вратат назад Трескавец. Односно од кој век да биде реставрирана црквата затоа што таа е градена во неколку етапи, содржи делови кои потекнуваат од различни периоди и има различни градежни стилови. Замислете која будалаштина наместо да се реагира што е можно побрзо, ние со години дебатираме во кој век да се врати назад манастирот. Алооооо ако уште малку подебатирате, нема што да враќате назад, нема што да реставрирате, се ќе се уништи, ќе стане пепел.

Ваков однос кон сопственото национално богатство мислам дека нема никаде. Останатите држави „плачат“ за да имаат вакви споменици на културата, но ги немаат, ние пак ги имаме, ама за џабе исто како да ги немаме. Наместо сега на Трескавец да се работи турбо, 24/7, 365 дена во годината, со стотици работници и десетици реставратори, архитекти, археолози, историчари и други стручњаци, таму одвреме-навреме како на смешка се одделува некоја минорна сумичка на пари, се работи некое проектче 20-тина дена, колку да се оправдаат парите и толку.

Освен со црквата истото се случува и со старата трпезарија и магерницата кои потекнуваат од 14 век. Пред 2 години се урна дел од западниот ѕид на трпезаријата стара повеќе од 600 години.

Управо за заштита на културното наследство, Министерство за култура, Национален конзерваторски центару или не знам кој надлежен, дајте веќе реагирајте еднаш !

Darko Stargoski malaВо краен случај Трескавец не е само македонско национално богатство, тоа е светско богатство кое нашите предци го изградиле и го оставиле како завет за сите идни генерации. Трескавец се наоѓа на дијамантската листа на УНЕСКО. Според УНЕСКО Трескавец е еден од 100-те најзагрозени споменици на културата во светот.

Мислам дека е крајно време да се реагира, срамно е после скоро 1.000 години постоење на овој храм, нас сега во 21 век да ни се урне пред носот.

Пишува: Дарко Штаргоски  (Патоказ магазин)

Коментар(2)

  1. Ne e samo Treskavec za zalenje vo Prilepsko… za zal i manastirskata crkva sv. Nikola vo s. Slepce, tone vo muvla i vlaga, freskozivopisot se mete so metla od podot, dodeka na desetina kilometri od nego se renovira manastirski kompleks… za vladikata… za sramota

  2. Situacijata so Treskavec, ai so drugite manstiri od istoriska vaznost e odlika na eden narod koj nema svoja tradicija na pocituvanje na svoeto duhovno nasledstvo. \\\\\\vsusnost i tocno deka tie manstiri se do vtorata svetska vojna , se duhovna bastina naSrpskata pravoslavna crkva, koje ne e vo moznosta, sled politckite priliki da se grizi za svojat duhovna bastina, oti tie sega pripadjaat na tudja politcka teritorija, na vo koja duhovnoto nasledstvo e konfiskuvano od eden bezboznicki politicki sistem, komunisticki sistem. Istoriografijata za toa duhovno bogatsvo e zasenata , nema se tocna pretstava na koj narod toa mu pripadja i ciee toa nasledstvo, dali Mmakedosko ili srpsko. Toa e istoto sto se slucuva i so istoriskooto nasledstvo od Balkanskie vojni. I so tie spomenici sudbinata se mnogu ironecno poigralai se odnesuva, so spomen obelezjata na, za sloboda pdnati i dadenite zivoti. Nekoj se igra so toa nasledstvo, a sekaka na polza na neprijatelite na istorijata na Balkanskite narodi osobeno od slovenskoto poteklo. Losata sostojba na duhovnoto nasledstva na Mmmmakkkedonskiot narod e vo polza samo na neprijatelite na Mmmakedonija, koi sekogas ja iskrivuvaat slikata za istoriskoto minato na nsiot e prostori.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *