Почетна Анализа Дали скандалот со злоставувањето ќе го потресе Ватикан?
Дали скандалот со злоставувањето ќе го потресе Ватикан?

Дали скандалот со злоставувањето ќе го потресе Ватикан?

197
0

Нема крај на скандалот со сексуалните злоставувања: по истрагата во Пенсилванија, познат е и бројот на вакви случаи во Германија. Црквата е соочена со потрес како во времето на реформацијата, се вели во Ватикан.

Дали скандалот со злоставување може да направи раздор во католичката црква? Или ќе ја поттикне на промени? Папата Франциско се надева на последново. Во средата неочекувано закажа средба во Ватикан, со раководителите на сите бискупски конференции во светот. Од 21 до 24 февруари бискупите во Ватикан ќе разговараат за последниците од скандалот со сексуално злоставување во светот. Во католичката црква гори: Ирска, Чиле, САД, Германија, Австралија, Филипини, Индија, Бразил – се чини дека нема континент кој не е погоден од скандалот.

Едно е јасно – веќе не се молчи и не се врти погледот настрана. Особено не по објавувањето на студијата, која беше изготвена по барање на Германската бискупска конференција, во која се истражуваше злоставување на деца меѓу 1946 и 2014 година и чии наоди во средата беа објавени во магазините „Цајт“ и „Шпигел“.

„Тажно и срамно”

„Ние знаеме за обемот на сексуалното злоставување, кој се потврди и со наодите од студијата. Тоа за нас е тажно и срамно“, вели бискупот од Трир, Штефан Акерман, одговорен за прашања поврзани со сексуална злоупотреба: „Се соочуваме со резултатите”.

На Матијас Кач, портпарол и претседател на здружението на жртвите, ова не му е доволно: „Студијата покажува само дел од реалноста“, тврди тој. Во неа недостасуват разговори со жртви, уништените документи и многу случаи кои не се соодветно документирани. Кач додава: „Апелирам до политиката и општеството, да се погрижат за создавање на правна рамка за основање независна, прифесионална комисија за истрага на овие случаи.“

Во резултатите опишани во студија на 350 страни, направена од тимот на Централниот институт за духовно здравје во Манхајм, е содржан и фактот дека процентот на обвинетите, кај свештеници е пет проценти поголем, отколку кај пониските црковни службеници (еден процент). Исто така, една четвртина од сите злоставувани се деца црковни помошници. Со други зборови – ако надвор од црквата поголемиот дел жртви на сексуално злоставување се жени, внатре во црквата статистиката е обратна. Во Комисијата за заштита на деца во Ватикан и Центарот за заштита на деца од папскиот универзитет Грегориана во Рим се свесни за специфичните компоненти на темата злоставување во католичката црква. Дел од тие компоненти се и моќта на свештенството, пригушена и потисната сексуалност и строгата хиерархиска форма на организацијата.

Обуки? Не, благодарам.

Центарот од неговото основање во 2012 година, според сопствените податоци, има одржано над 250 обуки за свештеници и бискупи на сите континенти. Исто така креираше и форум за жртвите. Но, многу од нив не сакаа да одат на обуката, покажува искуството на заштитниците на децата. Во меѓувреме тие ја имаат поддршката од папата Франциско. Раководителот на Комисијата за заштита на децата, кардиналот Шон О’Мали од Бостон, кој исто така е дел од советот на кардиналите, му е советник и на папата. Советот му вети на Франциско дека ќе ја има „нивната целосна солидарност”.

Ополномоштените за заштита на децата пак, ја предвидоа лавината што ќе ја предизвика скандалот. Неколку соработници, засега несогледливите последици од скандалот со сексуални злоупотреби ги споредуваат со последиците од реформација на црквата пред 500 години. Папата Франциско, според нив, е новиот Лутер, црквата ќе се промени, убедени се некои членови на Комисијата. Дел од прогнозите од круговите на Ватикан се и дека теми кои со децении се спорни, како на пример, укинувањето на задолжителниот целибат, забранетиот секс и брак за свештениците, или пак забраната за унапредување на ѓакон во свештеник доколку е венчан, се очекува да бидат решени неверојатно брзо. Неколку доверливи извори, блиски до папата, тврдат дека најдоцна на средбата на Синодот во октомври 2019 овие рестрикции ќе бидат укинати.

Каење и реформи

И покрај покајувањето и ветувањето за реформи, веќе започна и црковно-политичката злоупотреба на скандалот со сексуални злоупотреби. Курсот на папата Франциско и одземањето на моќта на свештенството кое произлегува од таквиот курс во многу кругови наидува на отпор. „Многу божји пратеници од Римокатоличката црква имаат интерес да го дискредитираат овој папа”, пишува Кристијане Флорин, автор и познавач на католичката црква во коментар за Дојчландфунк. Флорин смета дека недостигаат свештеници и бискупи кои знаат да преземат одговорност и да преземат вина. „Зборот ‘јас’ би бил зборот на моментумот. Јас преземам одговорност. Јас бев сторител. Јас помагав да се забошоти. Јас направив да исчезнат документи. Такво нешто да се чуе од свето лице би било шок. Вројатно исцелителен.“

/DW.COM

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *