Почетна Вести Европа Дали се собрани премногу пари за Нотр- Дам?
Дали се собрани премногу пари за Нотр- Дам?

Дали се собрани премногу пари за Нотр- Дам?

31
0

Не престануваат да се слеваат донации за изгорената катедрала Нотр Дам во Париз по пожарот пред 11 дена.

Донираат и обични граѓани и милијардери , а собрани се до денеска околу 750 милиони евра. Во пожарот се урна дрвениот ѕвоник и покривот на катедралата со дрвени греди што го потпираа сводот, но камената конструкција остана неоштетена.

Според проценките на француските градежни експерти , собраната сума неколку пати ја надминува потребмната сума за реконструкција на оштетените делови на катедралата.

Од друга страна француските економски експерти наведуваат дека реконструкцијата би чинела 600 милиони евра без данок.

,,Трошокот е минималнио 300 милиони ,а горната граница е 600 милиони евра , но ќе ни требаат уште два до три месеци за да ја утврдиме точната цена.” вели Паскал Аселин, претседател на здружението Унтек.

Во овој износ се пресметани обезбедување на структурата , замена на покривот и потпорната рамка, ангажирање на експерти каменорезачи и деликатната реставраторска работа на целата катедрала

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *