Почетна Анализа Дали МПЦ сама ќе вари свето миро?
Дали МПЦ сама ќе вари свето миро?

Дали МПЦ сама ќе вари свето миро?

419
1

Што е светото миро и зошто тоа е важно за една автокефална православна црква? Зошто се смета дека еден од суштинските елементи на посебноста на една црква е да може таа самата да вари свето миро во границите на нејзината јурисдикција. Овие прашања станаа актуелни во јавноста, откако изминатиот период се отвори прашањето околу начините на кој Вселенската патријаршија би можела да го решава овој важен дел во меѓусебните односи со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кога ќе ја почне постапката за признавање на нејзината автокефалност.

Во јавноста малку се знае во суштина што е значењето на светото миро и како се приготвува тоа. Светото миро е масло со кое се извршуваат светите тајни во христијанството, како крштевање, венчавка и верски обреди.
Миропомазанието претставува света тајна со која преку мачкање со свето миро на одредени делови од телото, во името на Светиот Дух во христијанската религија, му се даваат на крстениот посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, просветлуваат и усовршуваат во духовниот живот.

Верските аналитичари велат дека во преговорите со Вселенската патријаршија за добивање томос за автокефална МПЦ, важно е да се најде на дневен ред и прецизно да има договор за тоа каде ќе се приготвува (вари) светото миро, особено ако тој чин се гледа низ призмата на изразување на единство во црквата.

Верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски смета дека за да биде МПЦ автокефална независна црква, потребно е можноста за варење на светото миро да се извршува во седиштето на МПЦ. Затоа, според него, владиците треба да бидат многу внимателни кога ќе дојдат до преговори за тоа што како црковна самостојност или автокефалност МПЦ ќе добие од Вселенската патријаршија.

– инстанца и да има некоја ингеренција во однос на потврдувањето на изборот на нашиот архиепископ или владици. Особено е чувствително прашањето на варењето на светото миро. Владиката Наум, во статијата „Автономија како аномалија“, беше категоричен дека автокефалната црква мора сама да вари свето миро. Има тука различни искуства, но факт е дека ако мирото не се вари во Скопје, тоа ќе значи намалена автокефалност – објаснува Ѓорѓевски.

Според теолозите, светото миро на сите православни цркви треба да се вари во Цариград, односно во рамките на Вселенската патријаршија, со што се покажува единството во православната црква.

– Во томосите на сите цркви во православието е запишано правилото, сите цркви поединечно да земаат мирото од Цариград. Но, колку тоа во практика се почитува е дискутабилно – додаваат теолозите.

Оттаму велат дека нашата црква досега земала свето миро од Романската црква, поради блиски релации меѓу поглаварите на двете цркви, а за тоа била прозвана и Бугарската црква, чиј патријарх Неофит изјавил дека ако МПЦ-ОА го побара тоа, прашањето да ѝ се додели свето миро би било разгледано.

Инаку, приготвувањето на светото миро означува дека една црква е автокефална, а само автокефалните цркви имаат право да прават свое миро. Според каноните, при приготвувањето на мирото треба да учествуваат два свештеника – едниот да го чита Светото евангелие, а другиот да го меша мирото. Приготвувањето трае три дена и три ноќи. Откако ќе биде пренесено во Светиот синод каде што се чува, мирото се става во специјални садови и се разнесува по епархиите, кои го користат при крштевања и осветување нови храмови.

Мирисливо масло за откривање на светите тајни

Помазувањето (премачкувањето) се врши со свето миро. Тоа е густа течност, составена од маслиново масло, вино и многу други мирисливи тревки и е осветена од епископите. Правото за осветување миро им припаѓа само на епископите, а правото за вршење на светата тајна миропомазание им припаѓа на епископите и на свештениците.

Просветлување во верата

Обредот, односно начинот на миропомазание, се извршува со тоа што се помазува (премачкува) челото за осветување и просветување на умот; градите за осветување и просветување на срцето, очите, ушите, устата за осветување и просветување на надворешните сетила, рацете и нозете за осветување и просветување на севкупната дејност и однесување на верникот.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

Коментар(1)

  1. Ова е уште еден коментар од не компетентен аналитичар т.е.од некој кој нема теолошко познавање или активно воцрковно учество во вороисповеста на православието ???
    Аналитичарите кој самоиницијативно коментираат би требало да побаррат одговор од афторитетни лица во Црквата се останато би било небулоза!
    Колку што е познато досегашноста во Православието Светото миро се изработува во Цариградската Патријаршија кој потоа се распределува во целиот свет.МПЦ бидејки не е во единство со Цариград,мирото го добива од добрите соседски односи со БПЦ…

Напиши одговор на мац Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *