Дали литургија.мк е под цензура?

Date:

Share post:

Црковниот портал на МПЦ-ОА, литургија.мк денеска објави вест со наслов „Дали Епифаниј Думенко се поклони на иконата на Свети Александар Невски?“. Вест од типична руска пропаганда.

Но, речиси еден час подоцна, веста беше избришана и објавена нова, со сосема поинаков контекст. Насловот на веста е „Престојателот на Православната црква на Украина е присутен на заупокоената литургија во Софија“.

Епифаниј Думенко стана Претстојателот на Православната црква во Украина. Вест од сосеман поинаков контекст, дијаметрално спротивен на веста од типична руска пропаганда.

Прашањето е кој интервенирал и под чиј налог литургија.мк е цензурирана?

Религија.мк ја охрабрува редакцијата на литургија.мк, да го пријави секој вид на притисок врз слободата на изразување, во тој контекст ќе помогнеме и за алармирање на здруженијата за заштита на слободата на изразување, затоа што е недозволиво некој да врши цензура и притисок врз редакцијата на литургија.мк.

Притисоците и мешањето во уредувачката политика не е непозната работа, особено ако имате двајца газди. Едниот вели едно, другиот друго…

Е, предноста на религија.мк е што овде никој не може да смени вест, или да изврши цензура…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img