Почетна На иста страна Дали исхраната е религиска догма?

Дали исхраната е религиска догма?

268
0

Јасмина Хајрадиновиќ-Кадриќ дизајнерка на мебел, воспитувана по вредностите на исламот и Вера Роџевска педагог во пензија израсната во духот на православната вера, не штедеа време, ниту пак штедеа што било за да ја раскажат нивната приказна преку заедничка подготовка на храна карактеристична за двете различни религии, во последната емисија „На Иста Страна“, која обработува темата за тоа дали исхраната е уште една религиска догма.

Јасмина и Вера одвоија еден ден и спремија се што може да биде традиционална храна за еден Рамазан, за еден Велигден, за едни рамазански пости или за еден христијански пост.

Градењето на нивното пријателството почнува пред 30 –тина години, тоа е периодот кога на просторите на поранешна Југославија беснееја конфликти и кога оружјето ја убиваше толеранцијата…соживотот…  Наспроти предрасудите, тие изградиле вредности кои и денеска можат да бидат прва лекција од учебникот за соживот…

Нивната животна приказна покажува дека исхраната не била никаква причина за какви поделби… напротив била мотив за многу пријателски вечери, дружење, радости и таги во живото..

Културните разлики во Македонија, испреплетени со историскиот континуитет на различни религии создале многу заеднички вредности, но оформиле и традиции што и денес се негуваат засновани на некои посебности, карактеристични за религиската припадност… Денот има поинаков вкус, во еден муслимански или христијански дом… кога се следат традициите на празнување…

Во емисијата зборуваат и православни и исламски теолози, кои одговараат на прашањето за храната подготвена по Халал стандард, дали таа е храна само за муслимани или не. Технолози пак го објаснуваат процесот на подготовка на храна по Халал стандард.

Погледнете ја целата емисија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *