Почетна Вести Свет Далај-лама: Лутината и егоизмот се изворот на сите светски проблеми
Далај-лама: Лутината и егоизмот се изворот на сите светски проблеми

Далај-лама: Лутината и егоизмот се изворот на сите светски проблеми

43
0

Духовниот лидер на тибетскиот будизам, т.е. далај-лама, во интервју за „Спутник“ вели дека тој не верува во избувнувањето трета светска војна поради геополитичките тензии во светот. Според него, во случај на нуклеарна војна целата планета ќе исчезне, па затоа сега е неопходно сите да размислуваат здраво и непристрасно.

Будистичкиот лидер истакна дека во современиот свет сите седум милијарди луѓе се меѓусебно зависни.

„На Русија ѝ треба западниот свет, потребна ѝ е Америка, нивната технологија, а на Западот му е потребна Русија бидејќи земјата поседува огромни богатства… За целото човештвото е исклучително важно Истокот и Западот да живеат во меѓусебно почитување“, изјави далај-лама.

Вистинските причини за сите проблеми, според неговите зборови, се лутината, силното чувство на конкуренција и егоцентричноста. Затоа, посебна одговорност за мирна иднина имаат науката и образованието, кои треба да го просветлат светското население.

„Во античките времиња луѓето живееле во прилично затворени општини. Сега седумте милијарди луѓе се едно семејство и секој проблем е проблем на целото човештво. Ваквите проблеми треба да се решаваат човечки – со разговор. Ако најпрвин самите создадеме некој проблем, а потоа се обидеме да го решиме со оружје, тоа е спротивно на логиката. Оружјето само убива и носи уште поголема омраза“, изјави далај-лама за „Спутник“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *