Почетна Политичка теологија Далај Лама им се заблагодари на Чесите за поддршката за Тибет
Далај Лама им се заблагодари на Чесите за поддршката за Тибет

Далај Лама им се заблагодари на Чесите за поддршката за Тибет

78
0

Тибетскиот духовен лидер Далај Лама денеска на предавање во Прага, во рамки на Конференцијата Форум 2000 им се заблагодари на Чесите за нивната поддршка за Тибет, јави дописникот на МИА.

dalai-lamaДалај Лама потсетувајќи дека пред пет години се откажа од политички позиции и се залага само за заштита на тибетската култура и животната средина истакна дека поддршката е важна за Тибетанците и за идеалот на ненасилно решение за прашањето на Тибет.

Тој, на предавањето. кое предизвика голем интерес кај Чесите, кои присуствуваа во голем број, истакна дека самиот не се обидува да го смени политичкиот поредок во Кина.

Форумот е основан од поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, негов голем пријател. Манифестацијата ги продолжува идеите на Хавел за поддршка на демократските вредности и респекти кон човековите права, развојот на граѓанското општество и зајакнување на верската, културната и етничката толеранција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *