Почетна Вести Свет Далај Лама: Европа им припаѓа на Европејците, бегалците да се вратат дома
Далај Лама: Европа им припаѓа на Европејците, бегалците да се вратат дома

Далај Лама: Европа им припаѓа на Европејците, бегалците да се вратат дома

214
0

Духовниот лидер на Тибетанците, Далај Лама (83), оценил во Шведска дека Европа им припаѓа на Европејците и дека е пожелно, долгорочно гледано, бегалците да се вратат во своите домови и да ги развиваат своите земји.

Во обраќање во Малме, каде што има голем број мигранти, рекол дека Европа има морална одговорност да им помогне на бегалците чии животи се во опасност.

„Примете ги, помогнете им, образувајте ги. Но долгорочно гледано, тие треба да се вратат и да ги развиваат своите земји“, рекол Далај Лама, кој во 1959 година замина од Тибет во Индија по неуспешното востание и интервенција на кинеските власти во таа област.

„Мислам дека Европа им припаѓа на Европејците“, рекол тој.

Во Шведска во неделата беа одржани парламентарни избори на кои екстремната десница, која се залага против миграцијата, ја освои третата позиција, по владејачката Социјадемократска партија и конзервативците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *