Почетна Коментар Да Ви кажам како треба
Да Ви кажам како треба

Да Ви кажам како треба

838
6

Српските архиереи завршија уште еден Собор на СПЦ, кој почна од Пеќ, а заврши со општ заклучок за една се општа кавга на СПЦ со речиси цел Балкан. Од Романска Црква, преку Бугарска, па Католичката… многу политика, малку духовност… Но, што за Македонија и МПЦ е важно од тој Собор? Ништо! Освен што ќерката црква ќе го слави роденденот на мајката црква и тоа за атар на вонбрачното дете, негувано како некакво лажно наследство…

Толку за СПЦ и надежта дека од таму некогаш ќе задуваат едни други, европски балкански ветрови… Верувајте, ќе останат само како една мантијашка, националистичка збирштина која никогаш нема да го разбере новото време… За жал, на штета на православието на Балканот…

Сега за суштината… Македонската Православна Црква, како легитимна канонска наследничка на Охридската Архиепископија на 27 и 28 мај во Охрид, во древниот храм на Охридските Архиепископи ќе одбележува 1000 години. Но, што е важно во тој настан? И она што всушност треба да биде важно? Овој јубилеј може да има дијаметрално спротивни ефекти. Може да помине како еден протоколарен настан, но може да биде и историска пресвртница и за Православието, но што е уште поважно и за една нова страница во историјата на Балканите…

Но дали за тоа се има и храброст и искреност? Ако се суди по последната вест од Софија, тогаш сосема јасно е дека некој дебело се обидува повторно да ја замати вода на овие простори. Тој некој веројатно е свесен за се она што може да се случи, ако нешто позитивно се случува овде во центарот на Балканите… Не треба многу расудување за да се открие руско-српската линија на влијание врз осумтемина бугарски владици, кои без Патријархот Неофит, без какво било сериозно образложение решија да му кажат „Не благодарам“ на повикот од Архиепископот  Стефан за чествувањето во Охрид да дојде и Бугарската Православна Црква, односно нејзиниот Поглавар, Патријархот Неофит…

Но и да одлучеше поинаку Бугарската Црква тоа само по себе веќе не ќе беше вест… Веста е во нешто друго, во духот на она што во суштина и е Охридската Архиепископија – мајка црква на словенските и балкански народи…

А, до вистинската вест има само еден чекор… Тоа е чекорот преку олтарот… Вистинските луѓе, оние кои ја сакаат Христовата љубов, оние кои ќе бидат благословени градејќи го мирот и единството, лесно можат да исчекорат напред.

Значи, за да Охрид овој мај 2018, на 1000 годишнината од охридските апостоли, запише нова страница не е доволно делегација на Бугарската Православна Црква да дојде и да биде нем набљудувач на вистината… Потребно е само соочување со реалноста и храброст вистински да се биде она што романтичарски секојдневно се сонува…

Се уште не е доцна. Наспроти осумтемина, најверојатно уценети бугарски владици, стојат петмина кои се уште истрајуваат на патот по кој неодамна тргнаа. Затоа јас, посакувам дека во Охрид, без какви било предрасуди и стравови на 27 мај ќе дојде лично бугарскиот Патријарх Неофит. Со целата своја духовна тежина, со комплетната своја старечка мудрост и со сета своја смиреност, облечен во патријаршиската одежда ќе го понесе крстот на себе влегувајќи во олтарот на светите охридски архиепископи и заедно со Братот во Христа, Архиепископот Стефан ќе ја отслужат литургијата за спомен на историјата и светлината на иднината… Токму како што Христос го понесе својот крст, знаејќи каде го носи и што го очекува него, но истовремено знаејќи што ќе го очекува и светот… Тоа е веста која треба да одекне од Охрид.

И сега нормално прашањето е што потоа? Одговорот секако ќе биде очекуван, но во тоа е и суштината на Христовата вистина, за која на светот му требаа четири века за да ја осознае и признае…

Од големите чекори, секогаш многу поблагословени се визиите, отколку стравот од последиците… Со нив секако дека ќе се соочи и Патријархот Неофит и тоа прво внатре во својата Бугарска Православна Црква, но реалноста е дека тоа и нема да биде така едноставно како што некој мисли…

Логично е веднаш потоа и СПЦ остро да изреагира, но до каква било одлука за прекин на сослужувањето ќе помине време… иако поверојатно е дека тоа нем да се случи. Но, таков ризик е дел од крстот што треба да се понесе… Реално и тоа да се случи, нема да биде ништо непознато, впрочем денес и две од четирите древни патријаршии во Православието не општат меѓу себе.

Бугарската црква ќе се соочи и со остра реакција и од Црковна Москва, но без реален страв за прекин на меѓусебните комуникации, напротив Руската Црква овој случај ќе го искористи како уште една шанса за наметнување на своето влијание во нова медијаторска агенда…

Осуда ќе дојде и од Вселенската Патријаршија, но истовремено тоа за нејзе би била и широко отворена врата за украинскиот случај, што пак ја затвора опцијата за најлошата санкција за БПЦ, а тоа е можен севселенски Собор на кој таа би била екскомуницирана од Православниот свет… Што значи целта е постигната…

Е сега, никој не верува дека тоа ќе го реши македонското црковно прашање… но, секако дека ќе го постави на врвот на агендата со која Православието ќе мора да се соочи, ако сака да остане фактор на современиот свет…

А, Патријархот Неофит?… Тој, на крајот од својата црковна кариера ја има шансата да стане икона на македонско-бугарското искрено пријателство… Пријателство на новиот свет…

Така треба да биде… но Вие си знаете…

П.С. Старозагорскиот митрополит Методиј Кусев, своевремено велел „Во Македонија има всичко само Срби не!“, денеска Бугарскиот синод изгласа дека во Македонија има всичко само Б`лгари не!

Марјан Николовски

Коментар(6)

  1. И да дојде Патријархот ќе мора само немо да ја набљудува прославата без да учествува или обтарно доколку тој служи, одлуката на БПЦ до некаде е разумна.Сега е моментот кога вниманието е свртено кон охрид , да се охрабрат (Ровоам ЈЕроровоам) и да му покажат на православниот свет дека на МПЦ и православните во македонија им треба огромна помош.Ако го прочита некој овој од странство Дојдете свети Владици во Македонија и помогнете ни!

  2. Од почетка та прича са БПЦ није давала наду да ће се решити овај Црквени спор. Једини исправан пут и једини пут који ће прихватити и Васељенска и Московска Патријаршија да се проба директним разговорима између СПЦ -ПП и МПЦ -ОА . Само се треба одустати од етнофилетистичких позиција на којима већ 50. година стоје и једни и други и спор ће бити решен . Етнофилетизам је опасна јерес од које болује Православље већ 150.година . Од оног дана када сеу се поједине помесне Цркве почеле називати по нацијама све је отишло до врага .

    1. Civ etnofiletizam? Samo na MPC? Inaku SPC imase 10-tina plus godini za direktni razgovori so Vladicite na MPC. Kade bea? Tesko se razgovora so pomesna crkva koga so tvoite potezi si napravil raskol vo raskolot. Toa ne mi lici na osobina prikloneta za razgovor…

      1. Етнофилетизма има на оде стране . Почетна грешка је било прихватање назива СПЦ двадесетих година двадесетог века за нашу помесну Цркву уместо вековног древног назива Пећка Патријаршија. Чим у називу неке помесне цркве стоји национални префикс ту је јерес етнофилетизма која је погубна и опасна за јединство Једне Свете Саборне и Апостолске Цркве . Једини излаз из тога је враћање древних назива : Московска Патријаршија ,Трновска Патријаршија, Пећка Патријаршија , Букурештанска Патријаршија, Охридска Архиепископија , Атинска Архиепископија . Овако само поделе и расколи ће бити на сваком кораку , а то непријетељи Цркве и желе .

  3. Vo site ovie odnosi pomedju pravoslavnite crkvi samo kipti politikanstvo, a nikako evangelizacija, hristijanska ljubov i pred se poboznost. Samo nekoe spletkaranje, nadmudruvanje, oholost i prepredenost vo ime na vera, a vsusnost se daleku od verata vo Boga.

Напиши одговор на Jordancho Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *