Почетна Вести Цукенберг и Папата се сликаа за Фејсбук
Цукенберг и Папата се сликаа за Фејсбук

Цукенберг и Папата се сликаа за Фејсбук

147
0

Основачот и сопственик на  социјалната мрежа Фејсбук“ Марк Цукерберг има средба со Папата Франциск во Ватикан. На средбата присуствувала и неговата сопруга Присила Чан, објави прес службата на Ватиканскиот дворец.

cukenbergЦукенберг и Франциск вчера разговарале за тоа како да се користи комуникациската технологија за да се ублажи сиромаштијата, да се поттикне културата на средби и да се дојде до пораката на надеж посебно за оние во најтешка положба.

Цукерберг на почетокот на оваа година по повод отворањето на папскиот профил на Инстаграм му честиташе на Франциск за тој медиумски потег.

cukenberg 3Добредојдовте на Инстаграм папа Фрањо!“ – напиша тогаш основачот на Фејсбук потенцирајќи: „Без разлика која вера ја практикувате сите нас може да нè вдахне понизноста и сочувството на папата Франциск. Се радувам да го следам Папата и да набљудувам како ќе продолжи да ја шири својата порака на милосрдието, еднаквоста и праведноста во светот.“

Цукерберг е последниот во низата технолошки иноватори кои се сретнале со Папата. На почеток на оваа година Франциск го прими главниот извршен директор на Apple, Тим Кук и поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит.

/КАТОЛИЦИ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *