Почетна Вера Црквата во Велес претесна за сите кои дојдоа да се поклонат на Пресвета Богородица
56
55
54
53
52
51
50
49
48
47
46
45
44
43
42
41
40
39
38
37
36
35
34
33
32
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Црквата во Велес претесна за сите кои дојдоа да се поклонат на Пресвета Богородица

1.16K
1

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ била претесна за да ги прими сите верници за чествувањето на Успението на Пресвета Богородица во Велес, седиштето на Повардарската Епархија, каде Митрополитиот г. Агатангел служел вечерна и утринска литургија за Празникот.

Чествувањето во Велес, почна во саботата вечерта со Вечерна Богослужба, на која служеа свештенослужители од градот Велес. Во  средината на храмот беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица.

Централниот настан на чествувањето беше Светата Божествена Литургија следниот ден со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес.

-На празникот на Успението на Пресвета Богородица или како што уште го нарекуваме и Второ Воскресение, македонскиот народ повторно силно ја демонстрираше својата силна православна вера, својот вистински православен христијански дух, посетувајќи ги масовно храмовите низ целата држава, поклонувајќи се и просејќи благослов од Мајката Божја за застапништво пред престолот на Севишниот Бог. Недогледната колона од луѓе пред храмот на Успението на Мајката Божја во Велес, кои смирено го чекаа својот ред за да ја целиваат плаштаницата на Пресвета Богородица, поставена во средината на храмот, големиот број на верници кои молитвено го исчекуваа принесувањето на Светите Христови дарови за да се соединат со Христос, вистинскиот Бог, велелепните и ангелски звуци на црковниот хор „Св. Вмч. Пантелејмон“ од Велес, се моментите кои, на овој торжествен празник, во целост ни ја покажуваат вистинската димензија на православната вера, како единствен и непобитен извор на нашата духовност и на нашето спасение, велат од Повардарската Епархија

Претходно во петокот, поради големиот број на верници кој го посетуваат храмот на Успението во Велес, бил отслужен Молебен со Акатист на Пресвета Богородица.

ГАЛЕРИЈА:

 

 

 

 

 

Коментар(1)

  1. Pocituvani imate greska vo objavata,ovaa crkva ne e Sv.Pantelejmon ,ovaa crkva e crkva posvetena na Majkata Bozja Presveta Bogorodica.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *