Почетна Вести Црквата му дозволи на германски пензионер да биде погребан со неговото куче
Црквата му дозволи на германски пензионер да биде погребан со неговото куче

Црквата му дозволи на германски пензионер да биде погребан со неговото куче

174
0

ahen(МИА) – Доказ дека Германците сакаат кучиња е еден пензионер од германскиот град Ахен, кој доби позитивен одговор од Католичката црква на неговото барање да му биде дозволено „вечно да ја споделува својата љубов со неговиот јазовичар“.

Имено, како што јави ДПА, католичката епархија во Ахен му дозволи на 68-годишниот неименуван пензионер да биде погребан во ист гроб со неговиот (веќе починат) пес од сортата јазовичар.

Германецот бил приморан да поднесе вакво барање бидејќи правилата на Црквата забрануваат заедничко погребување на луѓе и животни.

Според германскиот таблоид „Билд“ ова е прв случај во Германија да биде дозволено погребување на човек и животно во ист гроб.

Сепак, според портпаролот на епархијата, станува збор за еднократна одлука, Тој објасни дека технички не станува збор за заеднички погреб, бидејќи прво ќе биде погребан човекот, а потоа гробот ќе биде повторно отворен за да се закопаат останките на кучето.

– На овој начин, не постои заеднички погреб, изјави тој за ДПА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *