Почетна Uncategorized Црква од Македонија на насловна на „нешанел географик“
Црква од Македонија на насловна на „нешанел географик“

Црква од Македонија на насловна на „нешанел географик“

211
0

jovan kaneoНајфотографираната црква на Охридското Езеро, посветена на Свети Јован на Канео во Охрид се најде на насловната страница на Специјализираното издание на „National Geographic“ наменето за американскиот пазар.

Охрид и Охридското Езеро, како најпознатото туристичко место во Македонија, се наоѓа меѓу познати дестинации во светот што секако треба да се посетат, односно како едно од „стоте места што ќе ви го сменат животот“ како што стои во насловот на изданието.

„Охридското Езеро денеска е препознатливо по своите убави плажи и можностите што ги нуди за активност на вода, но тоа е и место на чии брегови следбениците патувале со векови за да ги видат православните храмови и повеќе од 800-те икони насликани во Византиски стил“, стои во делот на магазинот посветен на Охрид.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *