Почетна Вести Црковно византиско пеење во ресенскиот Сарај
Црковно византиско пеење во ресенскиот Сарај

Црковно византиско пеење во ресенскиот Сарај

483
0

Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ во ресенскиот Сарај концерт одржа Црковниот хор „Св. Ахил Преспански“.

resen muzika 2Во присуство на владиците Петар и Пимен и голем број вљубеници во црковната музика, беа изведени околу 15 византиски композиции.

Раководителот на црковниот хор „Св. Ахил Преспански“ ѓаконот Константин Сековски информира дека Црковниот хор работи под благослов на Преспанско-пелагониската епархија веќе четврта година.

– Броиме меѓу 14 и 17 членови и го негуваме стариот византиско-историски црковен мелос, што е реткост на нашите простори. Нашите настапи секогаш предизвикувале внимание во изминатите години, особено на настапите на Битфест, во Струмица, но и во ресенскиот Сарај, каде публиката со воодушевување го проследи нашиот настап, рече Сековски.

Концертот се одржа под покровителство на градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *