Почетна Анализа Црковните служби ќе станат разбирливи за сите
Црковните служби ќе станат разбирливи за сите

Црковните служби ќе станат разбирливи за сите

2.16K
5

Македонската православна црква доби богослужебни книги какви што немаат ниту руската ниту српската православна црква. Тоа претставува еден од најзначајните подвизи на Македонската црква, дело рамно на делата на Светите Кирил и Методиј, пишува во својата анализа, дневниот весник „Дневник“.

-Младите монаси и свештеници досега имаа проблем со разбирањето на старословенскиот јазик. бидејќи, едноставно, не го разбираат. Она што го научиле во текот на школувањето се заборава, а и не може да се научи целиот јазик. И верниците на службите досега можеа да разберат само околу 60 отсто од тоа што се кажува на службите. Сега таа јазична пречка ќе ја нема, бидејќи првпат ќе ги имаме сите богослужбени книги преведени на современ македонски јазик, вели во изјави за „Дневник“ монахот Доситеј од Бигорскиот манастир.

17Ова големо македонско светилиште ќе биде само едно од црквите и манастирите во кои наскоро ќе пристигнат сите богослужбени книги целосно преведени на современ македонски јазик и кои ќе бидат во редовна употреба. Тоа значи дека во иднина сите служби ќе се изведуваат на македонски јазик и со тоа ќе можат да бидат разбрани од сите.

Сето тоа е направено благодарение на преведувачкиот потфат на теологот отец Јован Таковски, а промоцијата на делата се одржа во неделата, во Битола во рамките на одбележувањето на 35-годишнината од пастирското дејствување на митрополит Петар.

На промоцијата, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, ова го оцени како историско дело.

– Ова е големо дело, рамно на она што светите браќа Kирил и Методиј и вети Kлимент го правеле пред еден милениум и повеќе. Верувам дека ќе придонесат за побогат духовен живот на македонскиот народ и овде и во дијаспората, од каде што потекна иницијативата да се преведат овие книги – рече тој.

Овие дела Таковски ги најави и во неодамнешното интервју за „Дневник“, а вчера изјави дека е особено задоволен што со ова МПЦ-ОА влезе во кругот на ретките цркви што сите богослужбени книги ги имаат преведено на современ јазик.

img_2947– Мислам дека само Романската православна црква има превод на овие дела на современ романски јазик, оти тој јазик е многу различен од старословенскиот. Другите словенски цркви – Руската, Бугарската, Украинската, Чешката, Полската… немаат. Тие ги користат богослужбени книги на старословенски јазик. Руската црква, на пример, уште е во дилема дали да ги преведе овие дела на современ руски јазик или да ја осовременат руската редакција на старословенскиот јазик. Во Грција, пак, овие книги се напишани на старогрчки јазик, кој не е разбирлив за сите верници оти има значителни разлики во споредба со современиот грчки јазик. Значи, православните цркви уште го немаат она што сега го имаме ние – вели отец Јован Таковски.

Тој додава дека ова не е никакво „сквернавење“ на богослужбени книги како што тоа се доживува од некои православни кругови. Тие го сметаат старословенскиот јазик за свет и не се согласувале со тоа светите книги да се преведат на современ јазик со кој луѓето во секојдневниот живот изговараат и пцости и други погрдни зборови. Она што е особено значајно е преводот на современ македонски јазик на дванаесетте минеи. Тоа се книги во кои се запишани богослужбите посветени на секој празник. Постојат 12 минеи со богослужби за секој ден во месецот, за сите светии во годината. Секоја богослужба е поделена на два дела – прво вечерна и потоа утрена.

Монахот Доситеј вели дека пошироката примена на овие богослужбени книги на македонски јазик нема истовремено да значи дека старословенскиот јазик ќе биде елиминиран од црковната употреба.

– Ние и натаму ќе го користиме, ќе ги чуваме книгите напишани на старословенски јазик. Во манастирот и сега имаме книги и на македонски и на старословенски јазик, кои ги користиме во службите – објаснува тој.

СЕ ПОТЕКНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ

Идејата да се преведат книгите на современ македонски јазик дошла од македонските иселеници од Австралија. Отец Јован објаснува дека тие му рекле на парохискиот свештеник Тони Гулев оти сакаат да им се служи на македонски јазик.

– Додека бевме во родниот крај, слушавме во црквата служби на грчки јазик и ништо не разбиравме. Сега овде вие ни служите на црковнословенски јазик, а и него не го разбираме. Сакаме да ни служите на македонски јазик – рекле сонародниците.

Отец Тони потоа му се обратил на Јовaн Таковски и така почнало преведувањето – прво на службите од Страсната седмица – од Велики четврток до Велигден, потоа на целиот Посен Триод, а потоа и на другите богослужбени книги.

/ДНЕВНИК

Коментар(5)

  1. Браво за вложениот труд ,Слава на Бога!!!
    (Простете.. Ако смеам да спомнам една примедба во минејот,поточно во тропарот на Преподобен Наум Охридски ,каде се вели во превод ,,Си го оставил телото,, , а на црквенословенски е ,,мир оставил јеси,, ..светот…)

  2. Prevodot na bogosluzbenite knigi e golem trud na o. d-r. Takovski i Mitropolitot Petar. Toa e epophalno delo ramno na deloto na Setite Kiril i Metodij i Sveti Kliment…. Za ova ke vi bidat mnogu blagodarni Makedonskite pravoslavni vernici i site svestenosluziteli na MPC – OA….

  3. Ve molam za korekcija na titulata i dopolnuvanje. Stanuva zbor za profesor doktor, Jovan Takovski, protojerej – stavrofor, poranesen dekan na Bogoslovski fakultet “Sveti Kliment Ohridski” vo Skopje, specijalizacija vo Pariz vo najgolem Institut “Sveti Sergej”, viziting profesor vo Avstralija i drugi drzavi, so prevdeni tomovi knigi od franvuski, crkovno-slovenski, ruski drugi jazici, neodamna dobitnik na najvisokoto priznanie na MPC-OA , ordenot na “Sv. Kliment Ohridski “od prv red , i prv Pocesen Pretsedatel na Prviot megjunaroden Festival za filmski i duhovni vrednosti “Bogorodicen Pokrov” od 2016 godina. Toj SAMIOT gi ima prevedeno vo vremetraenje od 20 godini, golemiot broj knigi koi nekogas gi prevele Sv. Kiril i Metodij i sv. Kliment za Crkvata, i zatoa go narekuvame nas denesen sovremen sv. Kliment! Slava na Boga i uste mnogu godini Bog da mu daruva zdravje i dolg zivot!!!Amin. Zorica Kostovska, Tv filmski producent i teolog, negov nekogasen student

  4. Pochit kon Vasheto velichenstveno delo.Posakuvam dokolku ste vo mozjnost,mene,kako pochetnik vo edukacija i zjiveenje vo verata, kako edna od poplavenite 100% od naselba Chento,da me udostoite so literatura za pr.postot,molitvata – po Vash izbor. Mojata pochit.Pozdrav.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *