Почетна Верски буквар Црковни документи на Католичката црква за Семејството издадени за време на Вториот Ватикански Концил и после него
Црковни документи на Католичката црква за Семејството издадени за време на Вториот Ватикански Концил и после него

Црковни документи на Католичката црква за Семејството издадени за време на Вториот Ватикански Концил и после него

174
0

Киро Стојанов, Бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија /Четврта Светска Конференција за меѓурелигиси и меѓуцивилизациски дијалог

Humanae vitae = (Човечки живот) – Енциклика за регулација на зачнувањето (1968.)

biskup-2Доколку воопшто станувало збор за тоа, во поранешните декрети Црквата ја отфрлила контрацепцијата како неморална. Меѓутоа кога преку делата на Кнаус и Огин се дознало за женскиот циклус со плодни и неплодни денови, се поставило прашањето дали човек смее да се послужи со овие спознанија како би можел секој сам да го одреди бројот на децата. Против некои гласови кои сметале дека единствена исправна причина за сексуално соединување е волјата да се роди дете, научувал Пиј XI во својата енциклика Casticonnubii(1930.) = (брачна девственост): На сопружниците им е дозволено поради важни причини својот брачен однос да го ограничат на неплодни периоди. Во шеесеттите години создадена е таканаречената »antibaby пилула«. Многу христијани се прашувале дали со оглед на новите факти не би бил прикладен и еден нов одговор на проблемот. Павле VI оформил комисија која требала да го преиспита тоа прашање. Меѓутоа таа на Папата му дала две спротивставени стручни мислења. Со тоа било јасно дека Папата мора да одлучи и на крајот во тоа останал сам. Неговиот одговор била енцикликата Humanaevitae: секое манипулативно одделување на љубовниот чин од раѓањето е неморално, независно од тоа на кој начин тоа се случува. Енцикликата била, како што тоа и Хилдебранд го прорекол, навистина „знак на кој ќе се противречи“, би можело да се каже, сè до денешен ден. Но сепак денес расте разбирањето за оваа енциклика.

Вториот Ватикански концил

Додека Lumen gentium (Светло на народите) 1962 говори за бракот како Света тајна, Gaudiumetspes (Радост и надеж) 1965 опишува што е бракот, кое место и припаѓа на љубовта и говори за односот на љубовта и плодноста. Концилските отци притоа не се занимавале со стариот начин на толкување и со тоа поврзаната расправа за првата и втората „цел“ на бракот. Тие, се разбира, црпеле од библиските извори и од традицијата. Може исто така да се каже, дека го одвоиле каколот на погрешните влијанија од пченицата на автентичната христијанска традиција. Со тоа тие го привеле кон крај развојот кој му претходел на Концилот и кој го поттикнал Д. Фон Хилдебранд. Сè до крајот на историјата јасно е што е христијанската наука за љубовта и бракот, а што не е.

Familiaris consortio (1981.) = (Семејна заедница)

Од непроценлива важност за моралната теологија како и за пасторалот на Црквата е апостолското писмо Familiaris consortio. Во него папата Иван Павле II ја сумира науката на Црквата за љубовта, бракот, семејството во една голема синтеза и притоа ги обработува и болните поединечни прашања на душогрижништвото.

Mulieris dignitatem = (Достоинство на жената)

Во овој документ станува збор за теолошките промислувања за жената во светло на Светото Писмо и науката на Црквата. Со добра совест можеме да го разбереме барем како дел на католичкиот одговор на феминистичките прашања. Сепак, изгледа дека неговиот опсег сеуште не „стигнал“ до луѓето!

»Откупението на телото« и »Човечката љубов« (1985.)

Со својата особено надареност за библиско – теолошки промислувања папата Иван Павле II во своите таканаречени „Наговори во среда“ во текот на четири години ја толкува науката на Црквата за бракот. Читателот ќе се изненади што сè Папата пронаоѓа во текстовите на Библијата и како е науката на Црквата со тоа во согласност.

 Veritatis splendor = (Вистински сјај)

Енцикликата само индиректно ги допира прашањата на брачниот морал. Таа, имено, ја отфрла етичката теорија на таканареченото „одмерување на добрата“ на темел на кој би можело да се рече дека нема Божји заповеди кои секогаш вредат, дека конкретното делување може да се одредува само од случај до случај. Кога ова поимање би било исправно, би вредело и за подрачјето на сексуалноста. Иван Павле II го отфрла ова уверување.

Писмото на Иван Павле II до христијанските семејства

Тежиштето на навестувањето на Иван Павле II лежи на семејството од кое тој очекува одлучувачки придонес на новата евангелизација на светот. Затоа Папата во 1994 година, во Меѓународната година на семејството, напиша писмо до сите семејства во кое христијанската наука ја толкува во смисла на култура на љубовта.

Evangelium vitae (1995.) = (Евангелие на животот)

Со оглед на развоите со кои петтата заповед на драматичен начин се доведува во прашање, енцикликата ја толкува дотичната наука на Црквата и на загрозувањата на човечкиот живот се спротивставува со „евангелието на животот“.

Amoris Letitia (2016) = (Радосна љубов)

Документот е плод на работата на Синодите 2014 и 2015 година за семејството, кои покренаа големи надежи. Документот е поделен во 9 поглавја во кои опширно се говори за семејството во светло на Божјиот план, за предизвиците за семејството денес, за семејниот повик и брачната љубов. Собирајќи ги во овој документ сите најважни заклучоци на синодалните седници и давајќи го својот личен придонес на споменатата семејна проблематика папата Фрањо напомнува како оваа писмо во неговите мисли „поприма посебно значење“ баш во контекст на Јубилејната година на милосрдието.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *