Почетна Вести Регион Ципрас – Вартоломеј : Да се решат разликите за да постои соработка
Ципрас – Вартоломеј : Да се решат разликите за да постои соработка

Ципрас – Вартоломеј : Да се решат разликите за да постои соработка

289
0

Црковниот аспект на проблемот меѓу Македонија и Грција, беше една од темите за кои разговараа грчкиот премиер и Вселенскиот патријарх на нивната 80-минутна средба во премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алексис Ципрас ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за надминување на проблемот, додека пак Вартоломеј рече дека работат на сеправославна обединетост и соработка.

– Би сакал да ги поздравам вашите обиди за позитивно решавање на црковниот аспект на разликите што ги имаме со поранешната југословенска Република Македонија. Верувам дека гледате, и ние се обидуваме да ги решиме разликите што постојат веќе многу години и попречуваат две соседни земји да имаат една нормална соработка и заеднички тек. Верувам дека можноста за решение би можело да создаде средина на стабилност и развој на Балканот, нешто што ни е потребно, но и соработка, добра соработка меѓу два соседни народи кои во мнозинството имаат православна христијанска вера и ова е важен елемент што не треба да го занемариме, рече Ципрас на почетокот на средбата со Вселенскиот патријарх и му се заблагодари и ги поздрави иницијативите на патријаршијата.

– Во однос на црквата на Скопје, прашањето што го споменавте, тоа е во рамките на канонските обврски на Вселенската патријаршија да се обидува да ги отстранува расколите каде штo постојат и да работи на сеправославна обединетост и соработка, како што правиме во сите овие години, рече Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх, претходно се сретна со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а како што веќе јави дописничката на МИА од Атина, Вартоломеј оствари средба и со архиепископот на ГПЦ, Јеронимос, а меѓу другото разговарале и за МПЦ-ОА .

– За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници кои што се во притвор во Одрин, соопштуваат од атинската архиепископија.

Средбите на Вселенскиот патријарх Вартоломеј со архиепископот Јеронимус, со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас, се одржуваат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *